мај 31, 2024

Охрид, 31. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Групата „Пеперминт“ го претстави новиот сингл „Сите ги сакам“, кој е најава за нивниот четврти албум.

Интересно за новата песна е што вокалистот Горан Пајак Трифуновски ја испеа и на јапонски јазик.

– Ова што го подготвивме овој пат се случува за прв пат во македонската историја. И овојпат даваме се’ од себе да ви разубавиме барем 3 минути од вашиот живот, затоа што сме ви преблагодарни на поддршката сите овие години. Ви посакуваме само радост, вера, надеж и мнооогу љубов, порачаа од „Пеперминт“, македонската рок група која е оформена во далечната 1999 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука