Охрид, 26. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младите пливачи од Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид се враќаат од „Орион Купот“, кој се одржа во Скопје со најдобрите лични резултати.
– На денешниот „Орион Куп“, нашиот клуб настапи со осум натпреварувачи и сите ги постигнаа најдобрите лични резултати. Тоа е само доказ дека континуитетот на тренинг вродува плод. Честитки за Лазар, Анастасија, Ања, Јана, Ведран, Ана, Атанас и Милан. Воедно честитки за Милан Китевски кој повторно донесе медал, овој пат сребрен во дисциплината 50м градно, порачуваат од клубот.
Испраќаат честитки за сите натпреварувачи и за успешната организација на ПВК „Орион“ од Скопје и најавуваат „жешко“ лето со многу натпревари и настапи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 56