Охрид, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе села во Охридскиот регион, меѓу кои Сирула, Куратица и Свињишта викендов повторно останаа без електрична енергија како резултат на временската дестабилизација проследена со обилни врнежи од дожд и снег.
Слично беше и во населените места кои гравитираат кон Општина Дебрца каде врнежите од снег се секогаш поинтензивни, а снежната покривка е повисока.
Напојувањата со електрична енергија во руралните средини изминатите денови се одвива со поголеми прекини. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, краткотрајни прекини се забележани и во градот Охрид.
Повеќе села во Охридско-струшкиот регион за време на новогодишните и божиќните празници останаа без електрична енергија и по една седмица, а дел од нив и подолго поради дефектите што настанаа во мрежите на ЕВН и МЕПСО. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива