мај 27, 2024

Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Отсекот за управни работи при СВР Охрид, ги информира граѓаните кои во периодот од 15-ти март до 14-ти мај 2024 година, поднеле барања за замена на старите лични карти, патни исправи и возачки дозволи, со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на одделенијата во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

– Тоа, можат да го направат секој работен ден, во периодот од 07:30 до 19:30 часот. Отсекот за управни работи при СВР Охрид, секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел, забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од граѓаните, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука