Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за оваа година.
Па така, под мотото „Секоја капка е важна“ утре ќе се одржи крводарителска акција во просториите на НУЦК „Григор Прличев”.
– Ги покануваме сите граѓани да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, велат од Црвениот крст.
Крводарителската акција ќе се одржи во периодот од 10:00 до 14:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34