мај 27, 2024

Скопје, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – 29-годишниот Амар Исмани од Скопје популарен пејач е жртвата по синоќешното пукање на Пластичарска улица, јави Тв21.

Првично избувнала тепачка меѓу неколкумина млади луѓе, а потоа дошло до пукање. Амар Исмани беше пејач со многу популарни видеа, поставени на видео-платформата YouTube.

Инцидентот започнал со расправии, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје. Вкупно три лица биле хоспирализирани. (Крај)

извор: Тв21/Лидер фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука