ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Граѓаните со апел да се среди урбаната „џунгла“ создадена на одредени места низ градот (Фото)

Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress до нашата редакција испратија фотографии од израснато зеленило на повеќе фрекфентни места низ градо

т.

Дел од локациите се покрај пешачката патека кон „Горица 1“, околу детските игралишта, во близина на јавни и образовни установи, покрај тротоари…

Граѓаните апелираат побрзо да се реагира и во најскоро време да се среди како што велат урбаната „џунгла“ создадена на одредени места, да се искоси високата трева, да се средат грмушките, бидејќи стравуваат од наезда на крлежи, но и змии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука