Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Младата охридска пијанистка Ана Кузманоска освои Специјална Прва Награда на меѓународниот натпревар „Мали Пијанисти“ во Врање

Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Талентираната охридска пијанистка Ана Кузманоска со уште едно врвно достигнување.

На меѓународниот натпревар „Мали Пијанисти“, кој изминатиот викенд се одржа во музичкото училиште „Стеван Мокрањац“ во Врање, Република Србија, Ана освои Специјална Прва Награда, со максимален број на бодови.

Ова е уште едно вредно признание за младата пијанистка. Таа редовно, успешно настапува на државни и меѓународни натпревари, достојно претставувајќи го своето училиште, како и Охрид и Република Македонија.

Ана Кузманоска е ученик во ООМУ „Методи Патче“ од Охрид, во класата на проф. м-р Ана Ѓорѓиоска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука