Охрид, 28. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми мај 2024 година, во 16:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека во нива во атар на струшкото село Калишта била пронајдена граната од Првата светска војна со калибар од 95 милиметри.
– Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 52