Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

До петок отворен конкурсот за идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид

Охрид, 28. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Заклучно со петок, 31-ви мај може да се испраќаат идејните решенија по конкурсот распишан од Општина Охрид за избор лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид.

Заштитниот знак (логото) како визуелен идентитет треба да го одразува културното и природното наследство на Општина Охрид.

Право на учество на Конкурсот имаат младите лица на возраст од 15 до 29 години, жители на Општина Охрид, а секој учесник може да поднесе најмногу три идејни решенија.

Сите настани организирани или поддржани од Општината ќе го носат логото кое ќе го избере стручна жири комисија формирана од градоначалникот на Општина Охрид.

Наградниот фонд за најдобрите три идејни решенија изнесува 30.000 денари.

Сите заедно под сино – белото знаме на Општина Охрид да го прославиме 7. Ноември – Денот на ослободувањето на Општина Охрид.

По повод големиот јубилеј Општина Охрид ќе организира повеќе активности со сите охридски репрезенти (културни, образовни, спортски, научни и сл), а главната свеченост ќе биде на 7-ми ноември, на самиот роденден на Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука