Uncategorized

Преполовение на Педесетница

Охрид, 29. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од Господовите празници е празникот Преполовение на Педесетница, кој се празнува во Црквата на средината од периодот од празникот Воскресение Христово до празникот Педесетница, т.е. во средата пред Неделата на Самарјанката (петтата недела по Велигден).

Можеби е непознат во народот, но се работи за голем Господов празник, бидејќи се однесува на Христос Владиката. Оваа поделба и поставување на празникот Преполовение во Дванаесетте празници тргнува од гледиштето дека овој празник ни ја дава можноста да го видиме Христовото дело од Неговото крштение во реката Јордан, до Неговото преображение и до Неговото страдање.

Знаеме добро дека дека светите Евангелија го опишуваат тоа што го кажал Христос, што направил и што претрпе за спасението на човечкиот род. Токму овој празник ни ја дава можноста да ја видиме таа страна (што кажал и што направил), која е доволно суштинска. Со други зборови, се покриваат сите христолошки собитија, од Христовото Крштение до Неговото Преображение.

Важноста на празникот Преполовение, кога се празнува Христос како Премудрост Божја, се гледа од тоа што соборните храмови што го имале името Света Софија (Премудрост), не биле посветени на некоја светителка што се викала Софија, туку на Премудроста Божја, а тоа е Христос. Нивната храмова слава била, според разни испитувања, на празникот Преполовение. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука