ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Дното на Охридското Езеро во сабота ќе се чисти од цврст отпад

Охрид, 29. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота, 1-ви јуни, ќе се одржи еколошката акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад „Охрид Еко 2024”.

Учество ќе земат нуркачи од Македонија и Балканскиот регион, а организатор е нуркачкиот центар „Амфора“, под покровителство на Скопско.

– Збирно место и брифинг за сите нуркачи е на Градското пристаниште во 09:00 часот. По завршувањето на акцијата предвиден е ручек во кампот Градиште (прва плажа). За сите учесници на акцијата во недела, на 2-ри јуни 09:30 часот, нуркачкиот центар „Амфора“ организира нуркање на една од многуте атрактивни локации на Охридското Езеро.
Нуркачите кои имаат недостиг на опрема ќе биде обезбедена од Амфора (first come, first served). Поканети се сите нуркачи со меѓународен сертификат за нуркање, ихформираат од „Амфора“.

Како локации избрани се: Калишта, Градско пристаниште, камп „Градиште“, Музеј на вода и Черава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука