Да го запознаеме Охрид ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охрид некогаш ТОП ВЕСТИ

Да го запознаеме Охрид за повеќе да го сакаме: Црква Свети Јован Богослов Канео

Охрид, 29. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Секојдневно поминуваме покрај бројни места кои ги кријат најубавите приказни, кои се сеќавање на едно друго време, каде се раѓале пријателства, нови љубови и таги, места кои будат толку емоции кај охриѓани.

Да го запознаеме Охрид за повеќе да го сакаме на OhridPress, каде ви ги пренесуваме приказните за дел од најубавите локации и приказни од древниот град.

Црква Свети Јован Богослов Канео

Со својата архитектура и местоположба претставува најпрепознатлив симбол на градот Охрид. Црквата е посветена на Свети Јован Богослов, кој е автор на Еванѓелието по Јован. Бил еден од дванаесеттемината Христови апостоли.

Освен по светецот, името го добила и според старата рибарска населба „Канео“, која е во непосредна близина.

Нејзината градба започнала во 1365 година. Изградена е веднаш до Охридското Езеро, на карпа која е издигната над друга пештерска црква. Има основа во форма на рамнокрак крст и претставува архитектонски спој на византиско-ерменска градба.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука