Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност, услови за локален дожд попладне и температура до 22. степени

Охрид, 30. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 22. степени.

– Од утре под влијание на јужно воздушно струење времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука