Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Сидриштето „Билјанини извори“ во каналот „Студенчишта“ полека го добива финалниот изглед (Видео)

Охрид, 30. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сидриштето „Билјанини извори“ во каналот „Студенчишта“, кај Центарот за обука на вода, деновиве полека го добива финалниот изглед.

Деновиве се поставува дрвената патека кон каналот која претходно беше во многу лоша состојба и скоро урната. Бетониран е оградниот дел кон каналот, а паралелно се уредува и зелениот дел кон Центарот и пристапните патеки.


Министерството за одбрана, сектор за логистика склучи договор за реконструкција на сидриштето „Билјанини извори“ во Охрид, со друштвото за промет и услуги „ЕМ груп електрометал“, друштво со ограничена одговорност увоз извоз од Скопје. Вредноста на договорот е 29.271.339 денари или 475,957 илјади евра.

Според точките во истиот предвидено е расчистување на теренот околу просторот и во каналот, негова адаптација за градежни работи и слично. Треба да се постават дрвени колови и дрвена платформа, парапетен бетонски ѕид покрај пешачката патека и друго. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука