Струга, 30. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со повеќе свечености, торжествено, следниот викенд ќе се одбележи впишувањето во диптихот, односно канонизацијатана Светите Спасе и Спаса Вишенски.
Во сабота, 8-ми јуни, во храмот „Св.Атанасиј Велики“ во село Вишни од 16:00 часот ќе се служи Воскресна вечерна богослужба и измивање на моштите на Св.Спаса. Од 17:00 часот во катедралната црква „Св.Софија“ во Охрид ќе има Воскресна вечерна богослужба, а од 18:00 часот е пречекот на моштите на Св.Спаса и последен парастос.
Настаните во недела, 9-ти јуни, ќе бидат во катедралната црква „Св.Софија“ во Охрид. Во 07:30 часот ќе има Утрена воскресна богослужба.
Од 09:00 часот започнува Света архиерејска литургија и објавување на одлуката за канонизација на Св.Спасе и Св. Спаса Вишенски. Ќе присуствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и останатите архиереи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива