Рим, 6. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Рома се обидува да ја преброди резултатска криза, но дополнителни проблеми на „римската волчица“ и создаваат повредите на фудбалерите, поради што тренерот Руди Гарсија мора со „половичен тим“ да настапи на мечот против Калјари на гости викендов.
Жервињо и Думбија се уште настапуваат на Купот на Африкански Нации, а на тренинг се повреди и Ибарбо па ќе мора да отсуствува од терените повеќе од еден месец.
Покрај овие тројца фудбалери повредени се Итурбе, Стротман, Балцарети и Де Роси, а суспендирани се Манолас и Флоренци.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 14