Токио, 06. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала ја потресе Јапонија, соопшти националната метеоролошка управа на земјата.
Епицентарот се наоѓа во префектурата Токушима. Потресот е со длабочина од 10 километри.
Првично е прогласена опасност од цунами, но подоцна е укината.
Нема податоци за настрадани и причинета материјална штета. (Крај)
извор: ОхридПрес/Ројтерс фото: архива
Прочитано: 14