Киев, 06. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Преговорите со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд даваат надеж за прекин на огнот, изјави претседателот на Украина, Петро Порошенко.
– Европската унија покажа единство и солидарност за украинското прашање. Ова е многу важно за нас, истакна Порошенко.
Министерот за надворешни работи на Украина, Павел Климкин најави дека на средбата во Киев се дискутирало за механизмите на работа на Минск.
Тој нагласи дека врз Украина не е извршен никаков притисок, и дека Франција и Германија помагаат за враќање на мирот. (Крај)
извор: ОхридПрес/Итар Тасс фото: архива
Прочитано: 16