Избор Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Младите охридски пијанистки Илина Рилкоска и Матеа Атанасова освоија први награди на Меѓународниот натпревар Art in во Кавадарци

Охрид, 2. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младите и талентирани охридски пијанистки Илина Рилкоска и Матеа Атанасова од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид, освоија први награди на Меѓународниот натпревар Art in во Кавадарци.

– На Меѓународниот натпревар Art in, кој се одржа викендов во Кавадарци, учество зедоа ученичките Илина Рилкоска и Матеа Атанасова, двете во класата на проф. Ана Булоска Рилкоска. Тие се здобија со високи први награди, секоја во својата категорија, информираат од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука