Охрид, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – За првпат во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ е отворена е сензорна соба, посебно опремена просторија за деца со потешкотии во развојот.
– Преку опуштена и релаксирана интервенција децата го учат најважното – „Учат како се учи“. Исто така децата со потешкотии во интеграцијата во сензорната соба истражуваат, учат, стекнуваат искуства кои се важни за нивниот понатамошен раст и развој. Бенефитите од ваква соба и сензорна интеграција се многубројни, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
Сензорната соба е реализирана во соработка со охридската општествено одговорна компанија „АСП ПАК“.
Дополнително во објектот „Развигорче“, согласно предвидената програма за работа предвидени се уште неколку проекти кои ќе се реализираат во наредниот период. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива