Скопје, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот министер за здравство, д-р Венко Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ. Актуелниот пратеник на СДСМ за Тв24 ја најавил својата кандидатура.
– Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ, изјавил Филипче.
Тој е третиот кандидат за лидер на СДСМ откако својата кандидатура досега ја најавија поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.
Како потенцијален кандидат за претседателската фотелја во СДСМ се споменува и името на Стефан Богоев. (Крај)
извор: Фокус фото: архива
Прочитано: 126