Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во 2023 година регистрирани 12.672 бракови и 1.765 разводи, во Охрид брак склучиле 335 парови

Скопје/Охрид, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со претходната година, е намален за 1.6 % и изнесува 12.672 склучени бракови.

Во Охрид во 2023 година биле склучени 335 бракови. Според истиот извор, 315 невести склучиле прв брак, 18 втор и 2 трет и повеќе. Во 2023 година 312 младоженци склучиле брак по прв пат, 19 по втор и 4 по трет пат и повеќе.

Најмногу бракови, 1.597 или 12.6 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 730 бракови или 5.8 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.2 % за жените и 92.2 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.0 % и во трет брак со учество 0.8 %, од вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Во 2023 година, според возраста најмногу бракови се случиле во старосната група од 25 до 29 години, односно 4.228 или 33.4 % кај жените и 4.450 или 35.1 % кај мажите.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.5 години за невестата и 30.1 година за младоженецот. Бројот на разводи во 2023 година бележи зголемување од 9.4 % во споредба со 2022 година и изнесува 1.765 разведени брака.

Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август, односно 66 или 3.7 %, а најмногу, односно 201 или 11.4 % во месец декември. Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, од кои 310 или 17.6 % кај жените и 295 или 17.6% кај мажите. Според траењето на бракот, најмногу разводи, 393 или 22.3 % се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука