Охрид, 4. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Билјанини Извори“ веќе неколку години наназад има потпишано меморандум за соработка со ОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид со кој учениците се обврзани да обавуваат практична настава во Јавното претпријатие.
На таков начин тие стекнуваат знаење и професионални вештини во делот на сметководството, правото, човечките ресурси, набавки и маркетинг.
– Како дел од нашата заложба е учениците не само да се стекнуваат со нови практики, туку и истите да ги применуваат. Во таа насока, во вторник, на 4-ти јуни 2024 година, со почеток во 09:00 часот организираме спортски настан, на кој самите ученици ќе бидат главни организатори, информираат од ЈП „Билјанини Извори“, од каде изразуваат благодарност до координаторот проф. Горан Попоски и проф. Гордана Бешироска, Маја Цветанова и проф. Димитар Вејланоски..
Додаваат дека инизијатори и креатори на овој проект и ментори за извршената пракса, се м-р. Весна Балазоска- Милошевиќ и Тони Илијоски.
– Настанот ќе се организира на отвореното игралиште во склоп на ОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Носители на настанот се учениците од трета година, а право да учествуваат имаат сите ученици од ова училиште. Учениците ќе имаат можност да се натпреваруваат во четири дисциплини: баскет, одбојка, пикадо и тргање на јаже. Пред официјалниот почеток проф. Марија Пауновска ќе ги загрее сите учесници. По овој повод ги покануваме сите охриѓани, идните средношколци и родители да дојдат и да се дружат со нас, информираат од ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива