Охрид, 4. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Изградено е ново детско игралиште на булевар „Туристичка“, во непосредна близина на станбениот комплекс покрај реката Грашница, напиша на профилот на Фејсбук градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
– Поставени се најсовремени реквизити за забава и специјална гумирана подлога согласно безбедносните стандарди. Исто така поставени се и клупи за седење, заштитна ограда и засадено е соодветно зеленило. Целта е да се обезбедат подобри услови за забава и рекреација на најмладите, стои во објавата на градоначалникот.
Средствата за изградба на игралиштето се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35