Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Според ДЗС, во 2023 година вкупниот пријавен улов на Охридската пастрмка е 3.522 килограми

Скопје/Охрид, 5. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, вкупниот улов на риба изнесува 2.073.341 кг и во однос на 2022 година е поголем за 0.8 %.Бројките

во однос на Охридската пастрмка, во сегментот „Вкупен улов на риба и производство на аквакултура по видови“, покажуваат дека во 2023 година, вкупниот пријавен улов е 3.522 килограми, од кои 2.415 отпаѓаат на производство на аквакултура, 307 килограми како рекреативен риболов и 800 килограми како стопански риболов.

Во вкупниот улов, ладноводните риби учествуваат со 77.0 % и топловодните риби со 23.0 %. Во однос на 2022 година, уловот на ладноводната риба е намален за 6.0 %, а уловот на топловодната риба е поголем за 33.1 %.

Аквакултурното производство изнесува 1.873.619 кг и учествува со 90.4 % во вкупниот улов на риба. Во 2023 година, во однос на 2022 година, забележано е зголемување на аквакултурното производство и намалување кај стопанскиот и рекреативниот улов.

Во 2023 година биле произведени 121 милион парчиња икра со вкупна тежина од 189.530 кг, што е намалување за 7.5 % во однос на 2022 година. Од видовите риба како подмладок најмногу се одгледува виножитната риба. За одгледување риба најмногу се користат рибници, базени, канали и кафези.

Бројот на вработените во производството на риба во 2023 година изнесува 222 лица, од кои 201 се мажи. Во 2023 година, со рекреативен риболов се занимавале 9.223 лица, од кои само 66 се жени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука