Лос Анџелес, 06. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – 51-годишниот Џони Деп и 28-годишната Амбер Херд веќе официјално се сопрузи, потврдија извори, кои присуствуваа на склучувањето на бракот, на церемонијата која се одржала во тесен круг во домот на Деп во Лос Анџелес.
Церемонијата се одржала во вторникот, но детали излегуваат дури утрово.
– Џони и Амбер беа едноставно прекрасни, вели истиот извор.
Се очекуваше свадбата да е на 7 февруари на Бахамите. Оваа опција се уште не е отпадната, додека на церемонијата таму се поканети околу 50 одбрани гости.
Меѓу присутните ќе бидат родителите на Херд и децата на Деп од неговиот претходен брак со француската пејачка и актерка Ванеса Паради – 15-годишната Лили-Роуз Мелоди и 12-годишниот Џек. (Крај)
извор: ОхридПрес/LA Times фото: People