Струга, 5. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од струшкото село Делогожда поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– При преглед во патничко возило, управувано од пријавениот, извршен на улицата „Партизанска“ во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа хашиш, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 66