Скопје, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, денеска напладне во Вила „Водно“, ќе му го врачи мандатот за состав на Влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На парламентарните избори кои се одржаа на 8-ми мај оваа година, ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, односно, 58 пратеници во македонското Собрание.
Мицкоски вчера изјави дека преговорите со идните владини партнери се при крај, но не соопшти детали околу кадровските решенија. Коалициски партнер во идната Влада ќе биде коалицијата „Вреди“ и најверојатно движењето ЗНАМ.
Според законските рокови, Владата треба да се формира во рок од 20 дена по врачување на мандатот, а подршката за нов состав на владиниот кабинет, понатаму треба да го добие двотретинското мнозинство во Собранието. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива