Струга, 5. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Директорката на Основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Струга, Албана Жута, денеска спротивно на законот забранила да се пее македонската химна на одбележувањето на патронатот на училиштето, дознава порталот мкд.мк.
Дополнително, Жута во својот говор пред присутните на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името „Лирија“ од периодот на Втората светска војна и окупацијата на фашистичките окупатори. Порталот уште дознава дека родителите на учениците веќе поднеле кривична пријава против директорката Жута, како и претставка до Државниот просветен инспекторат.
Говорот на Жута предизвикал негодување кај присутните кои ја исвиркале директорката, а македонските наставници се обиделе да го прекинат говорот, по што наишле на груба и насилничка реакција на професорите Албанци кои се заканувале со физичка пресметка.
Ова не е првпат во ова основно училиште да се работи спротивно на законот. Минатата година на Денот на албанското национално знаме, покрај албанското знаме осамнаа мапи на голема Албанија. Истото се случи и во училиштетото „Гоце Делчев“ во струшкото село Подгорци.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: мкд.мк/Искра Опетческа фото: мкд.мк