ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Водостојот на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро и понатаму е над просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото е на кота од 693,73 м.н.в што е за 8 сантиметри над просекот за јуни (693,65 м.н.в) и за 63 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е нешто под над просекот за овој период (19,6) и изнесува 19. степени целзиусови.

Веќе подолг период наназад хидролошката состојба на Охридското Еезро е на задоволително ниво.

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и јужен правец. UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 27. степени.

– Ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата кон викендот ќе биде во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор:ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука