Струга, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти јуни 2024 година, во 15.00 часот, кај местото викано „Борови“ во близина на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ приведоа 71-годишно лице од Република Албанија, кое остварило илегален влез во државата.
– Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 32