ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во охридските основни училишта се запишани 435 првачиња

Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – За учебната 2024/2025 година во охридските основни училишта досега се запишани вкупно 435 првачиња, поделени во 29 паралелки.

Оваа бројка е за 10 помалку во однос на овој период минатата година, а дури 88 помалку во однос на учебаната 2022/2023 година.

Овие бројки се заклучно со 31-ви мај. Најмногу првачиња се запишани во основните училишта „Григор Прличев“ (114) и „Христо Узунов“ (110).

– Во ООУ „Свети Климент Охридски“ запишани се 69, во ООУ „Братство Единство“ – 54, ООУ „Кочо Рацин“ – 33, ООУ „Живко Чинго“ село Велгошти – 28, ООУ „Ванчо Николески“ село Лескоец – 23 и ООУ „Свети Наум Охридски“ село Пештани -14, информираат од локалната самоуправа.

Со оглед на тоа што уписи ќе има и во август се очекува бројот на децата што за првпат ќе седнат во школските клупи да се зголеми. Од локалната информираат дека при уписите била почитувана реонската распределба на ученици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука