Струга, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 25-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.
– На 18-ти февруари 2024 година, на регионалниот пат Струга-Дебар, полициски службеници извршиле преглед над возилото во кое бил пријавениот со уште две лица, при што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, која им ја дал пријавениот и им овозможил да ја користат, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 20