Скопје, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Силјановска Давкова во следните 20 дена да ја формира новата влада на Република Македонија.
Тој потврди дека го имаат потребното мнозинството во Паламентот и нема да чека да го предложи владиниот состав до крајниот рок. Кадровските решенија за кои веќе најави дека се договорени не сакаше да ги открива. Се обрза дека по формирањето на владата народот ќе биде фокусот на нивното работење. Реформите и владеењето на правото ќе бидат клучни за враќање на довербата кај граѓаните. Убеден бил дека во иднина ќе ја смени реалноста, а Македонија ќе ја трансформира во успешна европска приказна.
Мицкоски најави две странски инвестиции веќе во првите сто дена од работењето, како еден од чекорите за заживување на економијата и подобрување на животниот стандард.
Како иден премиер, Мицкоски го повтори ставот дека иако ќе ги почитува Уставот и законите, но ќе го користи само терминот Македнија. По меѓусебните пораки кои си ги упатуваат со грчкиот премиер Мицотакис, најавува дека откако ќе ги преземат институциите, ќе имаат соодветен дипломатски одговор на сите закани кои стигнуваат од јужниот сосед, но и за нивното не спроведување на обврските од Преспанскиот договор.
Согласно роковите откако Мицкоски ќе го достави предлогот, собранискиот спикер Гаши веднаш треба да го испрати до пратениците. Седница за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од приемот на предлогот
Расправата во Собранието може да трае најмногу два дена. Пратениците гласаат во целина за целата влада, а потребни се 61 глас да биде избрана. (Крај)
извор: Тв Сител фото: Тв Сител