Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Охридски писатели за деца и младинци“ е најновата книга на авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски што деновиве излезе од печат во издаваштво на Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пѐцаков.
Овој труд е дел од едицијата „Охридско книжевно наследство“ во чии рамки претходно локалната власт издаде девет трудови од горе споменатите автори.
Промоцијата на книгата „Охридски писатели за деца и младинци“ е закажана за денеска, понеделник, 10-ти јуни 2024 година, со почеток во 11:00 часот во големата сала на Општина Охрид. Промотор ќе биде м-р Ирена Бачиќ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 50