Избор Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Летна пливачка школа за младите стружанчиња: Тајните на пливањето за само 1.000 денари за цело лето

Струга, 7. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Triathlon and Swimming club 3Disciplines организира летна пливачка школа за младите стружанчиња, кои сега ќе имаат можност да навлезат во тајните на пливањето за симболична сума од само 1.000 денари за цело лето.

Школата започнува на 1. јули, а сите учесници со чланарината ќе добијат и маичка и диплома.

– Бидете дел од најдобрите и ова лето. Со напредната група ќе се работи секој ден, во зависност од групите, а со почетниците во понеделник, среда и петок, информираат организаторите.

Сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот 072/225-032. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука