Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од грав до маслиново масло, риба и многу мир во душата… Ова се само дел од основните намирници и начин на живот, типишни за жителите на Сините зони, делови од светот каде луѓето живеат најдолго.
Diane Kochilas пораснала на Икарија, грчкиот остров на долговечноста и вели дека таму медот се смета за намирница која придонесува за долговечност.
– Густиот и вкусен мед произведен од локалните пчелари на островот и низ цела Грција е дел со моите најскапоцени спомени од живеењето во Икарија. Уживам кога го чувствувам неговиот суптилен, нежен мирис, особено кога времето е топло, открива Diane.
Медот има антибактериски својства, содржи многу антиоксиданси и му помага на телото да го регулира нивото на шеќер. Во Икарија се смета за една од тајните намирници на островот за долговечност, а многу жители денот го започнуваат со лажица мед.
– Се користи како лек против кашлица и болки во грлото. Еден пријател во неговите 90-ти години од животот ми кажа дека комбинацијата од мед, жалфија или планински чај, ѓумбир и лук е „пеницилинот“ на неговата генерација. Старите жители на островот дури се шегуваа дека медот делува како природна вијагра, објаснува Kochilas.
Таа посочува дека во Грција мед се додава во јогуртот и овесната каша, се користи за засладување на чај и се мачка на леб. Од него често се подготвуваат домашни преливи за салати, се јаде со сирења и се додава во маринадите за месо.
– Можете дури и да мешате мед во супи, особено портокали, зеленчук, но и во супа од моркови, додава Diane Kochilas. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива