Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: За подобро здравје на цревата по 40-тата година јадете ги овие намирници почесто

Охрид, 14. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Промена во вашата исхрана може значително да влијае на здравјето на цревата и варењето.

Ако лицата кои веќе наполниле 40 години сакаат да го подобрат здравјето на цревата, експертите предлагаат почесто консумирање на овошје и зеленчук кои се богати со антиоксиданси, пробиотици и растителни влакна.

Д-р Brynna Connor посочува на неколку такви намирници кои се одлични за варењето и здравјето на цревата.

1. Јагоди

Полни со растителни влакна, витамини и антиоксиданси, јагодите го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем, помагаат за редовно празнење на дебелото црево и помагаат да се спречи запек. Високата содржина на влакна, исто така, ни помага да се чувствуваме сити подолго време и потенцијално помага во справувањето со прекумерна тежина. Покрај тоа, јагодите содржат пребиотици кои ги помагаат корисните цревни бактерии.

– Јагодите се овошје природно богато со растителни влакна, кои му помагаат на дигестивниот систем да апсорбира повеќе хранливи материи, ги храни добрите цревни бактерии и спречува запек. Содржината на влакна во јагодите, исто така, помага да се чувствувате сити подолго. Покрај тоа, тие се одличен извор на витамин Ц и антиоксиданси, вели д-р Connor.

2. Боровинки

Боровинките се овошје познато по својот богат вкус и бројните здравствени придобивки. Полни се со антиоксиданси, витамини и диетални влакна, што ги прави одлична храна за добро варење.

– Боровинките содржат соединенија наречени антоцијанини, кои можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес. Помагаат и во подобрување на метаболизмот, губењето на тежината и воспалението, вели д-р Connor.

3. Спанаќ

Спанаќот нуди многу придобивки за здравјето на цревата и варењето. Полн е со влакна, витамини и есенцијални хранливи материи и го поддржува правилното варење и помага во спречување на надуеност. Содржината на влакна помага во одржување на ситост, што потенцијално придонесува за контролирање на  тежината.

4. Цвекло

Луѓето често не му даваат доволно значење на цвеклото, но оваа храна нуди бројни придобивки за здравјето. Неговата богата содржина со влакна помага при варењето и ја намалува надуеноста и непријатноста. Покрај тоа, цвеклото е преполно со хранливи материи како фолат и манган кои го подобруваат здравјето на цревата и дигестивните процеси. Природните антиоксиданси во цвеклото помагаат и во борбата против воспаление во цревата.

– Цвеклото е една од суперхраните што често како да не ги приметуваме. Внесувањето на цвеклото во вашата исхрана може значително да го подобри здравјето на цревата и да го помогне варењето. Овој зеленчук има многу антиинфламаторни придобивки благодарение на тоа што е одличен извор на беталаин, пигментот што содржи азот. Тоа на цвеклото му ја дава препознатливата боја, заклучува д-р Connor. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука