Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Струга ТОП ВЕСТИ

ИЈЗ: Прв случај на морбили кај шестгодишно дете од струшкото село Лабуништа

Струга, 8. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Одделението за епидемиологија на заразни болести добиена е пријавa за изолиран причинител на мали сипаници (морбили) од страна на Одделението за вирусологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

По добиените пријави, епидемиолошки тим бил на увид на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

– Се работи за шестгодишно дете од село Лабуништа, Струга. Според податоците добиени од лабораторијата, направено е серолошко тестирање за мали сипаници со добиен позитивен резултат со IgM. Исто така, со PCR  е детектирана RNA на мали сипаници. Детето е невакцинирано со МРП-вакцина. Живее во шестчлено семејство, а помалата сестра е со присутна температура и исип пред една недела. Родителот дава податок за сомнителен контакт, сосед кој прележал „сипаници“. Не посетува градинка или училиште и не патувале во странство седум до 23 дена пред почетокот на исипот, информираат од ИЈЗ. (Крај)

извор: ИЈЗ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука