Избор Охрид Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се одржи 9. издание на Меѓународниот џудо турнир „Struga Open 2024“

Струга, 9. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Струга денеска ќе биде домаќин на Меѓународниот џудо турнир „Struga Open 2024“, кој ќе се  одржи по деветти пат во организација на Џудо клубот „Дрим“.

Новина на годинешното издание е учеството на натпреварувачи од Африка и Азија.

– На настанот ќе учествуваат околу 600 џудисти од цела Европа, а пријавени се и џудо клубови од Азија и Африка. Се’ е подготвено за и оваа година да имаме вистински празник за сите љубители на џудото. Борбите ќе можат да се следат бесплатно во спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, изјави Ѓорги Стојанов, дел од организацискиот тим.

Борбите, додаде тој, ќе може да се следат и во живо преку YouTube каналот на Џудо федерацијата на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука