Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 29. степени

Охрид, 9. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 29. степени.

– Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од почетокот на следната работна седмица дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнува 40 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука