Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 30. степени

Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 30. степени.

– До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи, особено утре, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука