Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на локалните Јавни претпријатија, денеска започнаа со поставување на типизираните куќарки на пешачката зона на кејот на Охридското Езеро.
Истите беа отстранети во ноември минатата година и се користеа како привремени објекти каде во текот на летната сезона се продаваа прехранбени производи.
За нивно нормално функционирање се обезбедени и соодветни услови за безбедно работење, како довод на електрична енергија и поврзување со водоводната мрежа.
Од неодамна е затворен за моторен сообраќај кеј „Македонија“, на потегот од кружната крстосница со улицата „Македонски Просветители“, до крстосницата со улицата „Ванчо Николески“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 49