Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти јуни 2024 година, во 23:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид со повреди од остар предмет било примено 30-годишно лице од селото Слатино, општина Дебрца.
– Според пријавеното, во близина на спортска обложувалница на улица „Гоце Делчев“ во Охрид бил нападнат од две лица, кои со остар предмет му нанеле убодни рани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 34