Забава Избор

SUPER Fresh Music: Sophie and the Giants – Shut Up And Dance

Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатата британска денс-поп-пејачка, Sophie and the Giants ја претстави новата и возбудлива песна „Shut Up And Dance“, чија жешка енергија како да ве кани да танцувате во текот на престојните летни денови.

Уметницата е позната по европските EDM хитови во овој стил, пред се ‘по нејзините соработки со угледниот германски автор Purple Disco Machine, кои бројат милиони преслушувања на најпознатите музички платформи.

Sophie and the Giants ги освоија светските радио станици и подиумите за танц уште од 2015 година, кога настапуваа како бенд, а во 2022 година се впушти во соло води и го продолжи своето музичко патување исполнето со настапи на најпознатите европски фестивали.

Тие ја очекуваат и ова лето, кога илјадници посетители ќе танцуваат на нејзиниот нов летен хит – „Shut Up And Dance“.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука