Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралната црква „Св. Софија“, вечерва од 19:00 часот ќе се одржи Годишниот концерт на ООМУ „Методи Патче“ од Охрид.
Како дел од програмата ќе настапат Илина Рилкоска (пијано), Елена Андрееска (флејта), Фуркан Али (пијано), Борјан Николоски (пијано), Марија Дузлеска (флејта), Ивона Георгиеска (пијано), Леона Неделкоска (флејта), Стефан Баракоски (виолина), Михаела Аврамоска (флејта), Емилија Лупеска (виолина), Ана Кузманоска (пијано), Виктор Србиноски (виолина), Марија Лазаревска (флејта), Софија Гавреска (пијано), Лина Николеска (виолина) и хорот и оркестарот при ООМУ „Методи Патче“.
Младите музичари ќе настапат во пијано придружба на Проф. м-р Ирена Веруш и Проф. м-р Даниел Чуркоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива