Живот: Бракот не е натпревар, танцувајте заедно низ животот
јуни 12, 2024

Бракот не е натпревар

– Престанете да се натпреварувате со вашиот сопружник кој заработува повеќе пари. Вие двајца имате еднаков удел во бракот. И двајцата дајте колку што можете. Омаловажувањето на брачниот другар кој заработува помалку од вас, никако не го мотивира да ве сака повеќе.

– Престанете со желбата да победите во секоја расправија со сопружникот. Премногу бракови страдаат затоа што мажот и жената сакаат да докажат кој е повеќе во право. Понекогаш треба да се откажете од кавгите и да се фокусирате на она што е најважно – љубовта. Не е важно кој е во право, важно е и двајцата да се чувствувате сакани.

– Престанете да се натпреварувате кој е пообразован од другиот. Само затоа што имате диплома, магистерска или докторска титула не значи дека треба да гледате со презир на вашиот сопружник кој не одел во формално училиште, кое е на вашето ниво. Образованието не е само одење на факултет, ценете ја интелектуалната моќ на вашиот сопружник без оглед на тоа колку сертификати има. Интимноста не бара добри оценки и награди.

– Престанете да се натпреварувате со вашиот сопружник за тоа кого ќе го преферираат децата меѓу вас двајца. Децата ги сакаат и мама и тато.

– Престанете да се натпреварувате за да видите кој направил помалку зло од другиот. Љубовта не води евиденција за неправдите. Љубовта секогаш ги покрива сите гревови.

– Престанете да се натпреварувате кој е подуховен од другиот. Растете заедно во молитва и заедништво, изградувајте се едни со други. Познавањето на Бог не е трка.

– Престанете да се натпреварувате по родова линија, да ја омаловажувате сопругата затоа што е жена, да му посакувате на вашиот сопруг болест и неуспех само затоа што тој е маж. Се’ што може мажот, може и жената. Надополнувајте се, не се карајте меѓу себе.

– Престанете да се натпреварувате за да видите кој прави повеќе во вашиот брак. Престанете да ги споредувате резултатите од вашите добри дела со добрите дела на сопружникот.

– Престанете да се натпреварувате кој е поромантичен или посекси. И двајцата имате различни начини на изразување на вашите желби. Најдете ги вашите сопствени уникатни изрази, наместо да го принудувате вашиот сопружник да биде како вас.

– Сакајте… Најмногу и безрезервно. Вие сте идеалните половини од едно цело, кои Универзумот ги споил на уште еден заеднички круг. Танцувајте заедно низ животот.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука