јуни 12, 2024

Охрид, 12. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралната црква „Св. Софија“, синоќа се одржа Годишниот концерт на ООМУ „Методи Патче“ од Охрид, на кој младите музичари уште еднаш го покажаа својот раскошен талент, кој беше награден со бројни признанија периодов наназад.

Како дел од програмата настапија Илина Рилкоска (пијано), Елена Андрееска (флејта), Фуркан Али (пијано), Борјан Николоски (пијано), Марија Дузлеска (флејта), Ивона Георгиеска (пијано), Леона Неделкоска (флејта), Стефан Баракоски (виолина), Михаела Аврамоска (флејта), Емилија Лупеска (виолина), Ана Кузманоска (пијано), Виктор Србиноски (виолина), Марија Лазаревска (флејта), Софија Гавреска (пијано), Лина Николеска (виолина) и хорот и оркестарот при ООМУ „Методи Патче“.

Младите музичари настапија во пијано придружба на Проф. м-р Ирена Веруш и Проф. м-р Даниел Чуркоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука