Избор Општина Дебрца Спорт

Во тек е пријавувањето за 49-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Охрид, 13. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е пријавувањето за 49-то издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал „Петровден“ што секоја година се одржува во селото Мешеишта.

Tурнирот започнува на 20-ти јуни, финалето ќе биде на 12-ти јули. Екипите ќе можат да се пријавуваат до 18-ти овој месец. За учество на турнирот секоја екипа треба да плати по 3.000 денари.

– Распоред на екипите во групи ќе се врши на 19.06.2024 година во 21:00 часот. Ве молиме да го запазите терминот за пријавување до 18.06.2024, кај Антонио на 071/359-575. По овој рок нема да се врши пријавување, информираат од организациониот одбор „Петровден“ од село Мешеишта.

Вкупниот награден фонд изнесува 220.000 денари. За прво место наградата е 120.000 денари, за второ 60.000, за трето 30.000 и за четврто место 10.000 денари. Ќе бидат доделени и награди за MVP играч, најдобар стрелец, голман и млад играч.  (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука